Денеска се слави Свети Климент Охридски

386
Македонија, 8 декември, 2021
 
 
Денеска во Македонија се слави празникот Свети Климент Охридски. 
 (старословенски: Климєнтъ Охрїдьскꙑи, латински: Clemens Achridensis, грчки: Κλήμης της Αχρίδας; роден во околу 840 година — починал на 27 јули 916 година во Охрид) — еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. 
Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.
Почитуван во Православна црква, Источни католички цркви, Латинско христијанство
Главно светилиште Плаошник
Слава 27 јули и 25 ноември по стариот календар, 8 декември по  новиот календар. 
Денеска Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.
Во Бугарија е сметан за еден од седумте апостоли на Првото Бугарско Царство и еден од врвните светци на модерната Бугарија. Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (Соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така Бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола и Охрид, Софискиот Универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија го носат неговото име.
Најголемиот дел од моштите на Св. Климент се чуваат во Македонија, во Плаошник, а покрај нив, во Македонија има мошти на Св. Климент во Бигорскиот манастир, во Митрополијата во Битола, во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ – Скопје, во црквата „Св. Климент Охридски“ – Скопје и во Поречкиот манастир. Во црквата на Светите Седмочисленици во Софија (Бугарија), има дел од моштите со големина на нокот, а во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Пловдив има честица од моштите кои се подарок од МПЦ-ОА во 2008 година. Неговиот череп се чува во манастирот „Св. Јован Претеча“ кај Бер во Егејска Македонија. Черепот го зеле двајца монаси за време на пренесувањето на моштите на светецот од охридската црква Св. Пантелејмон, која Турците ја претвориле во џамија, во црквата Мал Св. Климент, а потоа во црквата Св. Богородица Перивлепта. Монасите веднаш ја однеле главата во манастирот во Бер, каде Св. Климент Охридски станал монах.[62] Во 1970-тите, една честичка од моштите била однесена и во Рим.
Во 2018 година, во остатоците од средновековен манастир кај бугарското село Равна, во близина до градот Провадија, Варненска Област од археолози бил пронајден потпис на Свети Климент врежан на камен. Потписот „Климен(т) е(п) Слов(енски)“ е идентификуван меѓу стотици графити на старословенски и грчки јазик. Под него има и дата – 24 април 889 година.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.