Зoшто ‘Улица’ на Славко Јаневски е повест, а не роман ?,прашање кое го отворија и за него дебатираа литературните работници

2053
Тркалезна маса насловена „Зoшто ‘Улица’ на Славко Јаневски е повест, а не роман?” беше организирана на 21-ви Октомври од страна на Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски” и издавачката куќа „Просветно дело” во просториите на Читалница која го носи името на овој бард на македонската литература.

„Улица” од Славко Јаневски е објавена во 1950 година. Таа е првото поголемо прозно дело напишано на македонски јазик и објавено пред неговиот роман „Село зад седумте јасени” од 1952 година. Книгата во македонската исотрија на култура се води како повест ,но с епочести се гласовите дека станува збор за кус роман. И токму поради овие дилеми Фондацијата Славко Јаневски,организирае тркалезна маса на која учествуваа професори, книжевни критичари, писатели, поети: Славе Ѓорго Димоски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лорета Георгиевска-Јаковлева, Ѓоко Здравески, Трајче Кацаров, Мими Блажевска, Татјана Б. Ефтимоска…, а модератор беше директорот на Фондацијата, Ѕвездан Георгиевски.

Тркалезната маса беше организирана во пресрет на одбележувањето сто години од раѓањето на Славко Јаневски (11 јануари 1920) и 70-годишнината од објавувањето на „Улица”, во 2020 година.

Презентираните материјали заедно со текстот на „Улица” ќе бидат објавени во списанието „Архив ЈАНЕВСКИ”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.