Академски кино клуб со шест децениско постоење

1191
Академскиот Кино Клуб- Скопје  со проекции на филмови на 25 и 26 октомври го одбележува јубилејот 60 години постоење. На 25-ти (петок) , со почеток во 20 часот, во рамки на прославата ќе се одржи проекција на првиот снимен филм од страна на членовите на клубот со наслов „ПРВ  ДАВАМ КАМЧЕ”, како и проекција на повеќе кратки филмови направени од  страна на членовите низ 60 годишното постоење на АКК-Скопје.

Академскиот кино клуб, воедно ја поканува публиката да присуствува и на втората вечер во Кинотеката на Македонија, на 26.10 (сабота), во истото време (20 часот) , кога нивните филмски пријатели од ГФР  филм-видео клубот од Пожега, Хрватска, ќе претстават ревија од нивниот Хрватски фестивал на едноминутни филмови. Овој фестивал секоја година  се одржува во градот Пожега во Хрватска, од 1993 година до денес, и истиот  е со веќе стекнато реноме на кој учество земаат бројни филмски автори  од околу 50-тина земји од светот.


Влезот за двете вечери е слободен.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.