Програма на 46. МОТ за 7 декември

145

Програма на 46. МОТ за денес, 7.12

 

7 декември (вторник)

Имагинарен, ти

режија: Блерим Дарлишта

 време: 20:00 / локација: МКЦ, сала Фросина

Дардани е поранешен војник на Jугословенската армија, кој во текот на 90-тите се приклучил на Хрватската армија, а потоа и на Ослободителната војска на Косово. Дардани ги објавува своите сеќавања од војната, сеќавањата од опасните времиња, смртоносни, но понекогаш и комични.

И после војните во потрага по вистината почнува да ги гори сите објавени сеќавања, но не успева дури ни по неговата смрт да ги избрише од потсвеста. Во тоа му помага неговиот брат, кој се труди сеќавањата да не бидат објавени заради неговата политичка кариера. Нему му останува само дневникот на брат му, како и надежта  тој да не стигне во погрешни раце.

 

 

Јовано, Јованке / Прво па женско

авторка и изведувачкаЈована Зајкова

соработни во развојот на перформансот и кореографијата: Бобан Русески

 

време: 21:00 / локација: МКЦ, сала 25 Мај

Ова е претстава за Јована – креативен, нефиктивен лик и мешавина од нејзините размисли и идеи. Наместо да ги пласира на социјалните мрежи користејќи ги најновите и најмодерни филтри и ефекти, Јована реши да ги претстави на сцената. Па сите вие на кои ви се потроши батеријата на телефонот, ве заболе прстот од скролање или пак едноставно сакате во живо да ѕирнете во нечија туѓа интимност, ова е настан што не би сакале да го пропуштите.

Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.

Тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите.

 

Фестивалот е поддржан од Град Скопје и Министерство за култура.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.