Вечерва се отвора МакеДокс, и концерт ќе одржи “Баклава”

55

Магичниот простор на Куршумли-ан во следните осум денови ќе биде збирно место за „Лупење идеи“ на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, кој во своето 13-то издание ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје.

Отворањето на фестивалот ќе се одржи на 18 август со филмска проекција во 21 часот и концерт на групата „Баклава“ во 23 часот во Куршумли-ан

Комплетната програма е објавена на официјалниот сајт: http://makedox.mk/mk/

Фестивалските активности можете да ги следите на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Јутјуб, Твитер.

За фестивалот е приготвена и мобилна апликација која може да се симне на следниве линкови:
Android playstore: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.ilija.makedox2&fbclid=IwAR2j7aHYKGY-rX9Pdc8YgOOQoHL2UXM-ovNNmn_tZY0V4HiY9wtQjlrxmpc

IOS app store: https://apps.apple.com/mk/app/13-makedox/id1476332876

Дојдете заедно да „лупиме идеи“, порачуваат од МакеДокс
***

Инаку, Фестивалската програма ќе се реализира на четири локации, и тоа во Куршумли-
ан, плато на Музеј на РСМ пред Куршумли-ан, МКЦ и во „Europe House Скопје“.
– Со мото „Лупење идеи“ фокус на 13. „МакеДокс“ е развојот на идеи и годинава е време да дејствуваме и заедно да ја развиваме замислата за ново утре. Слој по слој, ќе ги лупиме идеите – старите, суви и ветви корки да ги оставиме зад нас, а на свежите бели нека блеснат нови движечки слики, и нови, и нови, и нови…
Среќни сме што после две години ќе имаме фестивал без рестрикции и со голем број странски гости – истакнува Дарко Набаков, извршен директор на 13. издание на фестивалот „МакеДокс“.
Годинава на фестивалот ќе пристигнат околу 70 гости од странство. Сите
филмови ќе бидат прикажани на филмско платно. Филмската програма на 13. „МакеДокс“ содржи 71 документарни остварувања во пет натпреварувачки
категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови и
Студентска програма, додека сите филмови се дел од компетицијата за наградата Етички идеи. На фестивалот ќе се доделат пет награди, а во комисиите за награди членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот свет. Надвор од компетиција, но значајни фестивалски програми се Земја во фокус – годинава
тоа е Чешка и Програмата за деца и младинци.
Фестивалот ќе биде отворен на 18 август, во Куршумли-ан, во 21 часот, со
документарниот филм „Сѐ што дише“ (All That Breathes) на режисерот Шаунак Сен
(Shaunak Sen), филм кој е индиско-британска копродукција, а пред него ќе бидеЗдружение за промоција на документаристика „
прикажан белгискиот краток документарен филм „Иднината е водена палата“
(Tomorrow Is A Water Palace) на режисерката Хуанита Онзага (Juanita Onzaga).
По филмската проекција на отворањето, во 23 часот, концерт ќе одржи групата
„Баклава“, која ќе изведе песни од својот репертоар, но и новите песни посветени
на Скопје.
Земја во фокус оваа година е Чешка Република и ќе бидат прикажани осум нови документарни филмови, а програмата ќе биде отворена на 19 август (петок) во Куршумли-ан со филмот „Рене – затвореник на слободата“ (Rene – The Prisoner of Freedom) на почесната гостинка Хелена Тшештикова (Helena Treshtikova), мајката на „тајм-лапс документарецот“, која ќе биде присутна на проекцијата, а следниот ден (20 август) ќе одржи и мастерклас во „Europe House Скопје“ за тоа како ги
развива своите идеи и како ги доведува до целосно филмско дело.
Меѓу значајните сегменти на фестивалот се „Разговорите под смоквата“, кои ќе се
одржуваат секој ден од 19 до 25 август, во 18 часот, во Куршумли-ан. На 21
август, во 12 часот на пладне, ќе биде отворена фото-изложбата „Спојка“ на
Доријан Миловановиќ. За време на фестивалот ќе се одржи вториот дел од
едногодишната работилница „Докуникулци“, на која учествуваат 10 млади од целата држава, како и неколку концерти и диџеј-сетови.
Дизајнот на плакатот за 13. „МакеДокс“ е на Самир Карахасан.
Тринаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на
Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната
фондација за демократија од Вашингтон, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје,
Чешката Амбасада во Скопје, Чешкиот културен цeнтар во Софија, Сивус Скопје –
Групација „Арикома“, Грчкиот културен центар, МЕДИА деск МК, Музеј на РСМ,
Археолошки музеј, Музеј на современата уметност, такси „Глобал“.
Билети можат да се набават онлајн преку продажната мрежа на мк.тикетс
(www.mktickets.mk). Целовечерен билет за проекциите во Куршумли-ан чини 200
денари, а билет за втората проекција во Куршумли-ан чини 150 денари. Единечен
билет за проекциите на платото на Музеј на РСМ може да се набави по цена од
100 денари. Билетите за церемонијата на отворање на 18 август и церемонијата
на доделување награди на 24 август се со цена од 300 денари. Единечен билет за
проекциите во МКЦ е 50 денари, а за деца под 10 години билетите се бесплатни.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.