Се одржа саем „Поддршка на социјалните претпријатијаија“,

19
Деновиве, ред платото на Офицерски дом – Битола се одржа вториот по ред „Саем на социјални претпријатија“, во
организација на проектот на ЕУ
„Поддршка на социјалните
претпријатија“, имплементиран од
Ептиса, Барка и Екорис, каде корисник е
Министерството за труд и социјална
политика.
Социјалните претпријатија кои беа
присутни на саемот преку економски
активности прават добро за
општеството, тие
вработуваат маргинализирани групи и го реинвестираат својот профит со цел
решавање на одредени општествени
проблеми.
Граѓаните оваа година се запознаа со
работата на повеќе од 11 организации кои пред нив ги презентираа своите услуги и производи.
Пораката испратена од тим лидерката на проектот, Барбара Садовска ја
акцентира потребата и
заинтересираноста на посетителите за
моделот на социјални претпријатија и
верува дека во овој регион ќе има
одличен развој на полето на
социјалната економија.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.