ОУ „Ристо Крле“ од Кадино го одбележа патрониот празник

174

Општинското основно училиште „Ристо Крле“ го одбележува патрониот празник .Во чест на патронот,врвен класик на македонската драма -РИСТО КРЛЕ, се организираа денови на училиштето почнувајки од 13 номеври со спортски активности во подрачното училиште во Мралино.

Следниот ден се одржа Литературно читање и уметничка галерија во централното училиште во Кадино. Гости на литературното читање беа новинарката и водителка од ТВ Сонце, Милева Лазова и новинарката од областа на културата и главна уредничка на КулАрт.мк  Валентина Георгиевска-Парго кои присутните ученици и наставници ги почестија со убави читања посветени на Ристо Крле.

На 15 ноември, пак, се реализираше Есенскиот настан во подрачното училиште во Бунарџик и на последниот ден се одржа Свечена завршна приредба во Централното училиште во Кадино. Сите активности беа реализирани од страна на младите таленти, поети, уметници, музичари, спортисти… Во текот на празничните денови сите посетители имаа можност да ја разгледаат малата училишна галерија која е уредена со стари фотографии од архивата на училиштето зголемени и обработени во А4 формат, како и некои стари нагледни средства кој се користеле пред неколку децении.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.