Клубот на литературни творци од Прилеп со низа средби го одбележа Месецот на книгата

119

 

Клубот на литературни творци-Прилеп кој месецов одбележа 12 години од своето формирање, со низа средби во прилепските училишта го одбележа Месецот на книгата.

Поетесата Божана Тренческа го посети ООУ „Јонче Смугрески“ во с. Обршани, на покана на наставничката Соње Бришкоска.

  • Заедно со наставниците и децата од различни одделенија остваривме прекрасна средба и убави разговори. Благодарност до наставниците и дечињата за убаво поминатиот ден. Тој ден а и денес јас сум многу среќна а сето тоа се „виновни“ дечињата со нивните убави искрени зборови, нивните детски насмевки откинати од душата и сето тоа зачинето со многу топли прегратки-раскажа поетесата Тренческа.

 

Bo ООУ „Рампо Левката“ во Прилеп,, на гости беше поетесата Снежана Паноска која на децата им подари примероци од нејзината книга „Светулки“.

  • Им благодарам на наставничките Рената Колароска и Весна Цакоска Насеска што ме поканија да бидам гостин на нивниот час. Прекрасно поминат ден во чест на книгата, со моја искрена надеж дека децата повеќе ќе читаат и ќе се оттргнат од телефоните и копјутерите-порача Паноска.

Поетот Филип Димкоски одржа интерактивна работилница со учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ во с. Мало Коњари. Тој таму е чест гостин, а овојпат домаќини му беа ученици од прво до петто одделение со нивните наставници Ленче Петкоска и Борче Каралиоски.

  • Овојпат со учениците го анализиравме мојот расказ „Вики и Влатче во посета на стариот мудрец“ кој за среќа им се допадна, па некои од нив создадоа многу интересни илустрации. Со оваа средба ја почнувам галеријата наречена „Екокатче со Вики и со Влатче“ како најава за мојата нова книга за деца-рече Димкоски

 

Токму на 15 ноември, месецот на книгата го испратија учениците од трето-в одделение од  ООУ „Рампо Левката“ во Прилеп. Нивна гостинка беше поетесата Андирана Ристеска, претсетател на Клубот на литературните творци од Прилеп.

  • ’ Благодарност до наставничката Анета Мицеска за поканата заедно да го одбележиме Месецот на книгата. Заедно дискутиравме за значењето на книгата, читавме поезија, игравме славејќи ја книгата, се радувавме…Овој ден ќе ни остане на сите во убаво сеќавање-раскажа Андриана Ристеска.

Клубот на литературните творвци од Прилеп, активно е вклучен во книжевниот и културниот живот на градот, а неговите членови честопати се гости во училишта и разни институции, не само во Прилеп и околината туку и ширум Македонија, но и вон нејзините граници.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.