Шестата регионална конференција во Бања Лука „Светот на образованието ги брише границите“ 

34

Бања Лука, Босна и Херцеговина, 4–7. април 2024 година

Во периодот од 4-7април 2024 година, во Бања Лука се одржа Шестата регионална конференција „Светот на образованието ги брише границите“ наменета за наставниците од земјите на поранешна Југославија. Најважна цел на конференцијата е да поттикне регионално вмрежување на најдобрите едукатори, наставници, професори, стручни соработници и за прв пат директори од земјите на поранешна Југославија, со цел нивната работа и креативност да бидат видливи. Иновативната работа на овие наставници е двигател и иницијатор на формални образовни реформи на кои се повикуваат сите земји во регионот.

На конференцијата присуствуваа повеќе од 200 наставници од Босна и Херцеговина, Република Србија, С. Македонија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Конференцијата беше организирана во текот на четири дена, и тоа:

На првиот ден, 4. април, конференцијата беше официјално отворена од страна на една од основачите на Асоцијацијата, Жељана Радојичиќ Лукиќ, авторка на наградите за најдобар учител и најдобар директор EX YU и од градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ. И двајцата ги поздравија присутните со инспиративни говори, испраќајќи значајни пораки за важноста на професијата наставник. Меѓу другото, Жељана Радојичиќ на присутните им порача: „Нашиот сјај го споивме на заедничкото образовно небо, а Асоцијацијата е професионално семејство на сите ентузијасти кои и покрај сѐ ги поместуваат границите и се вложуваат себе си за подобро образование во нивните земји. Оваа мрежа на наставници придонесува за мирот и стабилноста во овие области со своето дејствување, создавајќи среќни ученици, кои почитуваат, учат и не мразат“.

Не помалку инспиративно зборуваше и Драшко Санивуковиќ, особено нагласувајќи дека секое дете мора да има барем еден наставник кој ќе му даде крилја, не занемарувајќи го фактот дека за жал постојат и друг тип на наставници, затоа е важно тие други наставници да се на ниво на статистички грешки. Тој со присутните ги сподели своите лични искуства од училишните денови, во кои учесниците размислуваа за себе, прашувајќи се колкава тежина имаат нивните зборови и колкаво влијание имаат нивните постапки и дека воопшто не е наивно да се биде нечиј пример. Во име на домаќинот, на учесниците на конференцијата им се обрати Слаѓана Поповиќ, професорка по историја и носител на наградата „Најдобар наставник“, која рече: „Имаме заедничка цел, да работиме на вмрежување меѓу наставниците, да шириме мрежи на пријателство до најблиските, колегите во училиштата, општините, државите за да се собираме што почесто и во уште поголем број, бидејќи тоа е еден од начините да учиме едни од други“. Отворањето го красеа хорот Бел Ангел и КУД Драгочај – децата од Бања Лука преку песна и игра им го доближија своето наследство на присутните. 

На првиот ден од конференцијата традиционално се организираше Саемот за образование на кој учествуваа 36 училишта презентирани од наставници, а со тоа целиот регион имаше можност да добие увид во нивните училишни, локални, национални и меѓународни проекти. Ова беше одлична можност за промоција на одредени добри училишта и предучилишни установи во регионот и одлична афирмација на подеднакво добри воспитувачи, наставници и директори од сите шест земји кои беа создадени на територијата на поранешна Југославија. За време на Саемот за образование беа изложени најдобро дизајнираните наставни помагала во служба на среќно учење креирани од наставниците од регионот на тема „Светот на образованието ги брише границите“. Изложбата беше од натпреварувачки карактер и имаше за цел да ја зголеми видливоста на среќното учење и креативноста на наставничката професија во сите 6 земји од регионот.

Вториот ден од конференцијата започна со посета на државните и приватните образовни институции во Бања Лука, така што учесниците имаа можност да ги посетат основните училишта „Иво Андриќ“ и „Никола Тесла“, гимназијата Бања Лука, предучилишна установа и Центарот „Заштити ме“. Потоа, присутните имаа можност активно да учествуваат во амбиенталната работилница наречена „Бои, звуци и мириси на водата Врбас“, така што беа водени преку QR-кодови и со сите свои сетила ги истражаа убавините и културните добра на Бања Лука.

Во вечерните часови на вториот ден од конференцијата, учесниците имаа можност да ја проследат монодрамата „Како да ме разберете со аутизам“, а во исто време во просториите на Комората се одржа „Балканското собрание“, при што беа презентирани национални проекти. Жељана Радојичиќ Лукиќ зборуваше за српската награда за учител „Просветител“, која ја лансираше Фондацијата Алек Кавчиќ, а чиј награден фонд е еден милион динари. Дејан Немчиќ од Загреб зборуваше за тоа како тој и неговите ученици создале чоколада наречена „Хакуна матата“, чија продажба им помага на оние на кои им е потребна помош, а Борко Петровиќ од Параќин зборуваше за Методичкиот прирачник „Педагогија на среќно учење“.

Третиот ден од конференцијата започна со спонтано запознавање со потеклото и работата на Асоцијацијата, при што присутните дознаа од основачите на Здружението на најдобри наставници EX YU и носителите на титулата најдобар наставник EX YU дека е вложен голем труд во создавањето на една ваква мрежа и дека допрва претстои голема работа за поголема и подобра видливост на оваа мрежа на наставници. За време на нивните говори, присутните сфатија дека АН ЕКС ЈУ не е само едукативна мрежа на наставници и директори, туку многу повеќе од тоа. Таа е чувар на мирот во регионот со рушење на акумулираните стереотипи и сѐ што носи Западен Балкан со себе.

По обраќањето на овие херои и хероини на образованието во Западен Балкан, следуваше пленарно обраќање на наставниците и директорите од регионот. Публиката со голем аплауз ја поздрави Индира Стефановиќ, наставничка од Шведска која говорејќи на темата „Зошто шведските деца учат посреќно“ ги запозна присутните со шведскиот образовен систем. Присутните со големо внимание ги слушаа искуствата од Шведска, а по жестоката дискусија на маргините на конференцијата, беше јасно колку на наставниците од регионот им недостасуваат можности за студиски патувања преку кои директно ќе се запознаат со предностите на некои други образовни системи.

 Во попладневните часови на третиот ден од конференцијата беше објавена 6-тата генерација на Најдобрите наставници, од кои дваесет и осум избрани по строги критериуми од повеќе од неколку стотици пријавени просветни работници, наставници, професори и стручни соработници од шест земји од просторот на поранешна Југославија.

ШЕСТА ГЕНЕРАЦИЈА- НАЈДОБРИ НАСТАВНИЦИ EX YU

1. Александра Митровска, ООУ „Петар Поп Арсов“, Скопје, Северна Македонија

2. Белма Алихоџиќ, прва бошњачка гимназија Сараево, Босна и Херцеговина

3. Билјана Лазареска, ООУ „Вера Јоциќ“ Скопје, Северна Македонија

4. Данијела Јовановиќ, техничко училиште Жагубица, Србија

5. Дивна Карапанчева, ООУ „Вера Циривири – Трена“, Скопје, Северна Македонија

6. Драгана Стојановиќ, прва белградска гимназија, Белград, Србија

7. Емина Мекиќ, ОУ „Храсно“, Сараево, Босна и Херцеговина

8. Јасмин Салкиќ, средно училиште „Сјењак“, Тузла, Босна и Херцеговина

9. Јасминка Олиќ Илчешин, ООУ „Братство Јединство“, Кучура, Србија

10. Јелена Мандиќ, ООУ „Вук Караџиќ“, Куманово, Северна Македонија

11. Катарина Шеравиќ Ловрак, градинка „Цицибан“, Велика Горица, Хрватска

12. Ксенија Николова, ООУ „Гоце Делчев“, Босилово, Северна Македонија

13. Маја Омерхоџиќ, прва гимназија Сараево, Босна и Херцеговина

14. Марија Богатиновска, ООУ „Никола Карев“, Пробиштип, Северна Македонија

15. Марина Станиславова, ООУ „Страшо Пинџур“, Неготино, Северна Македонија

16. Нада Шќепановиќ, ЈПУ „Драган Ковачевиќ“, Никшиќ, Црна Гора.

17. Олгица Бајалџиева, ООУ „Петар Поп Арсов“, Скопје, Северна Македонија

18. Петрана Јаковиќ, Училиште за основно образование на возрасни во Сомбор, Србија

19. Раде Илијевски, ООУ „Исмаил Ќемали“, Скопје, Северна Македонија

20. Сања Ѓуриќ, Медицинско училиште Бања Лука, Босна и Херцеговина

21. Сенада Ужичанин, Гимназија „Миладије“, Тузла, Босна и Херцеговина

22. Славољуб Токшиќ, ООУ „Бранко Радичевиќ“, Бор, Србија

23. Снежана Шалаи Тибор, ОУ „Вук Караџиќ“, Шабац, Србија

24. Софија Штефанац Клобучар, ОУ „Иван Бенковиќ“, Дуго Село, Хрватска

25. Валентина Клопчевска, ООУ „Владе Тасевски“, Скопје, Северна Македонија

26. Весна Бошковска, ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, Скопје, Северна Македонија

27. Весна Недановска, ООУ „11 Октомври“, Скопје, Северна Македонија

28. Зорица Павловиќ, ПУ „Лане“, Осечина, Србија

 

ТРЕТА ГЕНЕРАЦИЈА – НАЈДОБРИ ЕКС ЈУ ДИРЕКТОРИ:

1. Александар Рајиќ, средно училиште „Пале“ Пале, Босна и Херцеговина

2. Дарко Димитријевиќ, ОУ „Олга Милошевиќ“ Смедеревска Паланка, Србија

3. Нермина Планинчиќ, Гимназија „Храсно“ Сараево, Босна и Херцеговина

ШЕСТА ГЕНЕРАЦИЈА- ПОЛНОПРАВНИ ЧЛЕНОВИ EX YU:

За време на доделувањето на наградите на најдобрите наставници и директори од регионот, во Асоцијацијата беа примени нови полноправни членови од сите 6 земји.

1. Александра Вуковиќ, Средно мешовито училиште, Голубовци, Црна Гора

2. Алма Пољак, Гимназија „Махмут Лекиќ“, Тузи, Црна Гора

3. Ана Иветиќ, ПУ „Стоногица“, Сремска Митровица, Србија

4. Бранка Лепир-Шиник, средно училиште Станко Ракита, Бања Лука, Босна и Херцеговина

5. Љиљана Ковачевиќ, ООУ „Боривоје Ж. Милојевиќ“, Крупањ, Србија

6. Маја Чечур, средношколски центар Требиње, Босна и Херцеговина

7. Марица Мељанац, ОУ „Иво Лола Рибар“, Сутјеска, Србија

8. Роза Николова, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Кочани, Северна Македонија 

ШЕСТА ГЕНЕРАЦИЈА – АМБАСАДОРИ НА АНЕКС ЈУ:

 Практика на организаторот е секоја година да назначува нови амбасадори кои не доаѓаат директно од светот на образованието, но имаат допирни точки со него. Годинава тоа се Драшко Станивуковиќ, градоначалник на Бања Лука и Валентина Леканиќ, новинарка на РТРС и автор на ТВ форматот „Квадрат на знаењето“.

Конференцијата заврши на 7 април, со патување во Кастел, културно-историско наследство на реката Врбас, каде што беа доделени сертификати на учесниците на конференцијата. Ова беше уште една можност најдобрите наставници од регионот да се соберат, да ги разменат своите идеи и искуства, да ја претстават својата работа и училиште, како и земјата од која доаѓаат. Како и во претходните пет, конференцијата беше отворена и затворена со звуците на песната “Земјо моја” од Исмета Дервож, а оваа песна е и официјална химна на ANNEX_YU.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.