Промоција на публикацијата ,,Модули за мировно образование во средното образование”

22

Првата детска амбасада во светот Меѓаши ќе ја промовира публикацијата ,,Модули за мировно образование во средното образование”.

Модулите за мировно образование се резултат на повеќегодишната работа на организацијата, пред и во рамките на програмата за Мировно образование, како дел од заложбите за градење на мирот и ненасилството како и унапредување на процесот на учење за мирНашата заложба е материјалот со понудените модули да претставува чекор напред кон воведување и реализирање на Мировното образование во наставните планови и програми или животот и работата на училиштата.

Промоцијата ќе се одржи во вторник, 11.06.2024 во Скопје.

Дневниот ред за настанот е следен:

Вовед

 

10:30 Драги Змијанац – Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ

10:45 Сафет Незири- Министерство за образование и наука

10:50 Ана Битољану – Mировна активистка

10:55 Фатмире Ајдари – Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ

Автор(к)и

 

11:00 Софка Коцева, советничка во пензија, Биро за развој на образованието

11:10  Горан Божичевиќ Установа за мировно образование и дејствување, Политики на ненасилство, Осијек, Хрватска

11:20  Сафет Балажи, Mировен активист

11:30 – 11:45 Професор(к)и и ученици/ки вклучени во Програмата за мировно образование

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.