“Распеана чаршија” на втор ден Спасовден

34

Утрешниот втор ден (11 јуни 2024 година) од културно- уметничкото чествување на Спасовден 2024 година, како заштитник на градот Гевгелија, ќе продолжи со традиционалната

манифестација на староградски песни и музика „Распеана чаршија“.

 

Пред одржувањето на главниот концерт, којшто ќе започне во 19:00 часот, во манастирот „Св. Спас“, учесниците ќе продефилираат низ гевгелиските улици.

Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, на „Распеана чаршија 2024“ ќе настапат: КУД „Распеани гевгеличани“- Гевгелија, Пејачката група на Здружение на пензионери „Сава Михајлов“- Гевгелија, „Ансамблот „Распеани струмичани“- Струмица, Вокална група „Ѓердан“- Штип, Ансамблот „Распеани валандовчани“- Валандово и „Распеани штипјани“- Штип.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.