Д-р Весна Дамчевска Илиевска објави книга “Лидерството и Мирот”

180

Излезе од печат најновата книга “Лидерството и Мирот” на почитуваната професорка Д-р Весна Дамчевска Илиевска. Д-р Дамчевска Илиевска по вокација е дипломиран психолог, специјалист за комуникациски вештини, справување со конфликти, ненасилна комуникација и лидерство… Креирање на програми од областа на мировните науки, истражување, имплементација во системот на образование е врутокот на нејзиниот професионалниот од.
Родена е во село Жван, Демир Хисар, нa 27.11.1961 година. Специјализирала, магистрирала и докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје. Како резултат на едукацијата и бројните поминати тренинзи, како тренер, обучувач, со оригинален приод, создала компилации од креативни програми со кои ги истражувала можностите за имплементација на мировните науки во системот на образование. Сѐ во функција на превенција од насилството во општеството во неговото разнообличје. Искуствено осознавајќи ги моделите на активно ненасилство, интерактивно конфликтно партнерство и ненасилно лидерство, го осмислува приодот за кој говори оваа.
Книгата “Лидерството и Мирот”, изобилува со бројни практични сознанија, искуства од програми и проектни активности во кои авторката, во улога на едукатор од областа на ненасилството и културата на мирот придонесла да бидат професионално имплементирани во работата на бројни генерации на наставници и директори, а индиректно и на нивните ученици. Токму од овие практични согледувања на авторката произлегува и нејзиното укажување дека развојот на лидерството во образовните организации, е од есенцијална важност за креирање на најдобра стратегија, за почитување на различностите во образовните средини.
Оваа книга е посветена на сите активни учесници во спроведување на воспитно-образовната дејност пошироко, а особено на воспитно-образовните профили кои функционираат во мултикултурните заедници, со верба дека, препораките што се вградени во неа, ќе придонесат како за нивниот личен и професионален развој, така и за градење на посакувана средина за престој на учениците и сите учесници во процесот.

Во препораките за мировното лидерство, авторката д-р Весна Дамчевска Илиевска, нагласува дека мировниот лидер мора:
• Да умее да ги погледне проблемите со очите на другиот;
• Со искреност, на време, го пофалува тоа што е добро;
• Да покажува и поттикнува ентузијазам и хуманата универзалност;
• Достоинствено да покажува почит кон секоја индивидуа;
• Да критикува со поуки за подобрување;
• Неговата емоционална рамнотежа да биде пример за углед!
• Постојано да учи, проучува, поучува, подучува!
• Да го поттикнува чувството за лидерство, за сопственото дејствување, кај секого!
Да, е ЧОВЕК пред сѐ!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.