Одбележан Интернационалниот ден на жените и девојчињата во науката

154

Универзитетот „Св. Апостол Павле“, со мотото „Биди и ти, IT девојка“ го одбележа Интернационалниот ден на жените и девојчињата во науката.
Веќе четврта година по ред Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, го одбележува 11 Февруари, Интернационалниот ден на жените и девојчињата во науката. Преку зборовите на проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска, како и професорки, дипломки и студентки се потенцираше важноста на присуството на жените и девојчињата во науката, кои преку пренесените факти и искуство ги поттикнаа присутните, пред се ученици од гимназиите и стручните училишта во Струга и Охрид, подетално да се заинтересираат и информираат што би значело студирање на некој од факултетите при универзитетот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.