Senzar, Ambroz, Inner hate со концерт во МКЦ на 3. Март

95

На 3. Март се најавува концерт во бифе на МКЦ.
Senzar се бенд од Даблин, Ирска, имаат мини турнеја на која покрај Скопје, се и Софија и Букурешт. Во Букурешт свират на Bucharest DeathFest како директна поддршка на Vomitory. Бенд кој дефинитивно не треба да се пропушти.
Ambroz ги сметаат за врвот на копјето на македонскиот блек метал и воедно бенд со речиси ветерански статус кај нас .
Inner hate од Кичево се формирани 2017та година и свират мрсен и дрзок дед-треш.
Последниве години се прилично активни низ државата и се дефинитивно бенд што треба да се види.
Организатор е Terrorvoid Promotions. Билетите по цена од 300 денари се веќе во продажба на билетарницата на МКЦ и на следниот линк:

https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1185

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.