Одржана едукативна Работилница за лимени дувачки инструменти

31
Април, 2023 година
 Во Народниот театар- Гевгелија, за учениците од основните училишта беше организирана едукативна и инерактивна работилница „Фамилија Металковци“ за запознавање со музичките и техничките карактеристики на лимените дувачки инструменти.
Работилницата ја организираше ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија во соработка со Македонската филхармонија.
Учениците имаа можност да чујат изведби на познати композиции од Дизни цртаните филмови, а и одблиску да се запознаат со лимените дувачки инструменти. Со цел да се
едуцираат и да им се всади интересот за нивно изучување преку претставување наинструментите и изведби на кратки делови од класички соло и оркестарски делници и мелодии од различни музички стилови (џез, народна музика, филмска музика) како би се
прикажал тонот и музичките стилови кои можат да бидат изведени на овие инструменти.  „Фамилијата Металковци“ ја сочинуваат: Стефан Илиев (труба), Горан Арменски (труба), „Благоја Василевски (хорна), Никола Ристовски (тромбон) и Алекса Ниниќ (труба).
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.