Општина Гевгелија со еколошки активности 

44
Април, 2023
ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, во соработка со Општина Гевгелија, започна со втората фаза од спроведувањето на Проектот за селекција на отпад во општина. Во присуство на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, службите на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија дистрибуираа 2.096 канти и 56 контејнери на домаќинствата во Гевгелија за селекција на комуналниот отпад. Садовите се бесплатни и исклучиво наменети за одлагање на сува хартија, пластика и лименки.
– Минатата година, заедно со ЈПКД „Комуналец“
започнавме со селектирано третирање на комуналниот отпад од домаќинствата и правните лица. На овој начин се овозможува поквалитетно управување со отпадот, а со тоа и поздрава и почиста животна средина. Досега, праксата, покажа дека резулатите од селекцијата се успешни и гевгеличани се  подготвени за правилно управување и селектирање на отпадот.
Со ваквата постапка градиме едно повисоко ниво во делот на заштитата на животната средина, истакна градоначалникот Сарамандов.
Во првата фаза од реализацијата на проектот за
селектирање на комунален отпад, беа опфатени само дел од домаќинства, додека годинава следи испорака на поголема количина, како задомаќинства, така и за правни лица. Целта на употребата на „втор сад“ за комунален отпад е со примарна селекција на наведениот домаќински комунален отпад, да се  намалат количините за транспорт на истиот до Времената  депонија. Селектираниот отпад од жолтите канти се собира  одделно од неселектираниот комунален отпад, а динамиката за  подигање на овој тип отпад навремено се најавува од страна на  ЈПКД „Комуналец“.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.