Петмина гевгеличани ќе бидат корисници на стипендии за факултет

24

Општина Гевгелија ќе додели 5 стипендии за студентите запишани во прва година на Медицинските факултети и 4 стипендии за студентите запишани во прва година на Машинските и Електротехничките факултети во државата, за академската 2022/2023 година. Согласно Одлуката на Комисијата за образование, култура и спорт која беше задолжена за спроведување на Конкурсот, а во врска со Одлуката на Советот на Општина Гевгелија за стипендирање на 10 студенти, жители на општина Гевгелија, Сара Китановска, Тамара Филипова, Зорица Андонова, Вања Несторов Андријевиќ и Теодор Узунчев се петте добитници на општинска стипендија- студенти запишани на Медицинските факултети, додека Георге Демерџиев, Драган Икономов, Мартин Гоцевски и Драган Стојанов се четирите добитници на општинска стипендија – студенти запишани на Машинските и Електротехничките факултети во државата.
Висината на стипендијата изнесува 6.000 денари за 10 месеци во академскaта година од Буџетот на Општина Гевгелија, а исплатата ќе се изврши врз основа на склучен договор.
Имено, на Конкурсот што Општина Гевгелија го распиша за доделување 10 стипендии, се пријавиле вкупно 13 кандидати, од кои 9 студенти запишани во прва година на Медицинските факултети, а 4 студенти запишани во втора година на Машинските и Електротехничките факултети.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.