Уште една метеоролошка куќичка за СОУ „Јосиф Јосифовски“

30

СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија е добитник на донација од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање- опрема за спроведување на GLOBE Програмата на Општина Гевгелија. Донацијата се состои од метеоролошка дрвена куќичка со столб и стопа за монтажа и лабараториска стаклена чаша. Ова е втората по ред метеоролошка куќичка со потребните инструменти, која СОУ „Јосиф Јосифовски“ ја добива, а со која на учениците во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија им се овозможува да вршат секојдневни мерења на: моменталната температура на воздухот, минималната и максималната температура во текот на едно деноќие, влажноста на воздухор, атмосферскиот притисок и врнежите.
Преку директните мерења и внесувањето податоци во ГЛОБЕ- серверот, учениците во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија преку нивните локални откритија, заеднo со други ученици и научници од целиот свет, ја дополнуваат сликата за животната средина на земјината топка. Ваквите мерења имаат вистинско научно значење, важно за глобалните визуализации (глобалната свест). Освен наведените мерења, се планирани и мерења од областите Вода, Фенологија и Глобе ноќе.
Активностите во рамките на GLOBE Програмата ги спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Македонскиот информативен центар за животна средина, а во соработка со Мировниот корпус во Северна Македонија и Министерството за образование и наука.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.