Промовирана „Психологијата како наука и професија“ од проф.д-р Мирослав Пендаровски

353

„Психологијата како наука и професија“ е најновата книга на проф. д-р Мирослав Пендароски која беше промовирана на  Меѓународниот Славјански Универзитет – ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН. Тој е вонреден професор на Факултетот за Психологија при овој Универзитет, каде што предава група предмети. Рецезенти на книгата се проф.д-р Соња Р.Јовановска, проф. д-р Ана Чучкова и проф. д-р Катица Стоименовска. Модератор на промоцијата беше Александра  Велинова.

Пендароски е лиценциран психолог, европски сертифициран гешталт психотерапевт, европски сертифициран Практичар за Системски семејни и организациони констелации, сертифициран европски тренер на тренери за Психосоцијална рехабилитација, завршил прв и втор степен од Интегративна Психотерапија и личен развој и др.

Во својата богата дваесетгодишна кариера како теоретичар и практичар, се занимавал со многу пошироки и потесни научни и практични психолошки гранки: Психологија на личноста, Когитивните процеси, Психофизиологија на спиењето и сонувањето, Психологијата како наука и професија, психотераписката практика и теорија и др. Пендароски има публикувано над шеесет научно-стручни трудови во реномирани домашни и странски списанија и зборници и пет научно-стручни психолошки книги. Негова потесна специјалност е теоријата, методологијата и практиката во психотераписката работа со соновите за што има објавено низа трудови во едно од најреномираните светски списанија специјализирано за истражување на сонувањето и сонот – International Journal of Dream research со импакт фактор. Креатор е на оригинален и признаен метод за работа со соништа – Методот на линија на помал отпор. Покрај тоа, Пендароски се занимава и со семејни констелации, психосоцијална рехабилитација, Гешталт терапија, Клиентоцентрична психотерапија и др. Освен богатата научно-стручна и наставна активност, проф. Пендароски е активен и на полето на популаризација на психологијата и психотерапијата во пошироката заедница преку редовно објавување на текстови и есеи во повеќе пишани и електронски медиуми во земјата и странство. Редовно одржува семинари со специјално структурирани програми за некои значајни теми: работа со соништа, семејни констелации, психосоцијална рехабилитација, обуки за педагошки помошници, национален координатор за семејно насилство и др. И со тие програми гостува во многу домашни и странски институции (универзитети, организации и центри за психологија и психотерапија. Претседател , психотерапевт, супервизор и едукатор е во – Центар за психологија, психотерапија, советување и едукација – СОВРШЕН КРУГ од Скопје. Пендароски редактирал преводи на многу учебници и книги од најеминентни автори во областа:  Карл Роџерс, Ото Фенихел, Роберт Стернбер, Зигмунд Фројд, Рој Баумајстер и др. Член е на повеќе научно-стручни тела во земјата и странство:  член на научни одбори во: International conference of social sciences, Georgia; Medditeranean conference of social sciences, Podgorica.Montenegro. Sarajevo, Bosnia and Hercegovina; International conference, MIT University, Skopje, R. North Macedonia; Days of applied psychology, Nish, Phylosophical Faculty, Serbia и др.; член на Македонско Научно Друштво – Битола, член на Македонска Асоцијација за психотерапија и други.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.