Прв годишен Самит на Национална платформа за женско претприемништво

173

Националната платформа за женско претприемништво  ќе го одржи својот  Прв Самит за женско претприемништво 2021, организиран во рамки на Проектот. Основачи на Платформата се Здружение на бизнис жени, како носител на Проектот, во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија,  Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување- МИР, а кофинансиран од Европската Унија во рамките на ИПА Програмата за Граѓанско општество и медиуми,

Самитот ќе биде отворен  на 18-ти ноември во 10 часот а обраќање ќе имаат: г-дин Фатмир Битиќи – Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции , Mr. Julian Vassallo – Заменик шеф на делегацијата на ЕУ во Северна Македонија Г-дин Крешник Бектеши – Министер за економија, г-ѓа Данела Арсовска – Градоначалник на Град Скопје и г-ѓа Валентина Дисоска – Претседател на Националната платформа за женско претприемништво.

На Самитот за прв пат ќе бидат доделени и награди за најуспешни жени претприемачки, кои ги доделува Министерството за економија како институционален покровител на настанот.

Исто така Националната платформа ќе додели и две награди за најуспешна млада лидерка и најуспешна граѓанска организација-добри практики.

 Во рамки на  Самитот ќе бидат одржани три панел дискусии со меѓународно учество на кои еминентни имиња од сферата за женското претприемништво ќе  дискутира на актуелни теми. Ќе бидат организирани Б2Б средби за жените претприемачи како и работилници на теми за финансиските можности на жените во бизнис светот.

Целосната агендата на настанот можете да ја видите на следниот линк:

https://weplatform.mk/wp-content/uploads/2021/11/Agenda_MK_Summit_NPWE.pdf

Настанот покрај пријавените за присуство во  живо, ќе може да се следи онлајн на ZOOM апликацијата на следниот линк  https://us02web.zoom.us/j/82058627748,  како и преки live stream на FB страната-National platform for woman entrepreneurship.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.