Учениците го украсија ООУ “Ристо Крле” од Кадино

343

Основното училиште ООУ Ристо Крле – Кадино, има бројни корисни активности за своите ученици, спроведени од наставниците и директорот Јовче Петковски.

Неодамна, во рамки на континуираниот проект „Зелена Општина Илинден“ се приклучија и нашите ученици од ПОУ Бунарџик и ПОУ Мралино кои засадија повеќе декоративни дрвца како и божиќно дрво со што ја донесоа празничната новогодишна магија. Навистина изгледа многу убаво, декорирано од вредните рачиња на вредните ученици.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.