Во СОУ “Јосиф Јосифовски”- Гевгелија, слободни 295 места

35

 Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за упис на ученици во јавните средни училишта за учебната  2023/2024 година. Согласно наставните планови и програми, во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, во учебната 2023/2024 има  295 слободни места за упис на ученици во прва година,  распоредени во 10 паралелки, со настава на македонски јазик. Од 

кои: 
– 3 паралелки Гимназиско образование- 102 ученика, 4- годишно образование, 60 поени минимум;
– 1 македонско- англиска билингвална паралелка- 34 ученика, 4- годишно образование, 60 поени минимум;
– 2 паралелки со 50 ученика во Угостителско-туристичка струка, од кои 1 паралелка со 25 ученика, профил Хотело-туристички 
техничар, 4-годишно образование, 45 поени минимум и 1 паралелка со 25 ученика, профил Келнер и готвач, 3-годишно образование, 45 поени минимум (соработка со ФОРТУНА 
ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Гевгелија, ДПТУШ БОКО ДООЕЛ, ПРИНЦЕС ГРУП ДОО-РАМАДА ПЛАЗА ХОТЕЛ Гевгелија, ФЛАМИНГО МАКОТЕН ДООЕЛ Гевгелија, МД ТОП ГРУП 2018 
ДОО, ЗУ Природно лекувалиште Негорски Бањи); 
– 1 паралелка со 25 ученика, Економско- правна и трговска струка, профил Економски техничар/бизнис, 4-годишно образование, минимум 60 поени (соработка со КАМ ДОО, Фонд за здравствено осигурување, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, ЈПКД 
„Комуналец“ Гевгелија и со Општина Гевгелија); 
– 1 паралелка со 25 ученика, Здравствена струка, профил Гинеколошко-акушерска сестра и физиотерапевски техничар, 4-годишно образование, 70 поени минимум (соработка со ЈЗУ Општа болница Гевгелија, Негорски Бањи АД Гевгелија, ПЗУ ДЕЈНЕКА);
– 2 паралелки со 59 ученика, Машинската струка, од кои 1 паралелка со 25 ученика, профил Машински техничар за моторни 
возила, 4-годишно образование, 45 поени минимум и 1 паралелка со 34 ученика, профил Автомеханичар- заварувач, 3-годишно образование, минимум 30 поени (соработка со ДПТ ДОЈРАН СТИЛ, КОНТИ ХИДРОПЛАСТ ДООЕЛ Гевгелија, МОТО ПРОМ ДООЕЛ Гевгелија, ВИДИА Ване ДООЕЛ, АМД Гевгелија ДОО, ЦТП ГРУП ДООЕЛ, ДТ ПЕТ НЕТ ДОО, ДПТУ ФЕЛИКС НЕТ, ДПТУ ЛЕВСКИ ДООЕЛ).
 Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок, со две пријавувања во јуни 2023 година преку 
порталот за електронски услуги на МОН: https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
Првото пријавување на учениците ќе биде на 20 и 21 јуни, а второто пријавување на 27 и 28 јуни. 
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.