Цветин со две пролетни ликовни работници!

34

3.04.2024

По повод доаѓањето на пролетта и првичното цветање на цвеќињата познатиот ликовен уметник и хуманист Живко Поповски Цветин денеска одржа две ликовни работилници.
Едната ја одржа во ООУ “Свети Климент Охридски” Драчево, со првоодделенците, и подари минијатури за сите ученици и нивната наставничка Марина.


Еден од најзначајните моменти беше и средба со Марко, најмалиот добитник на Цветинова награда за мир. Марко беше дел од неговата изложба во Италија во Малпенса и во Милано во 2022 година.

Реномираниот уметник на учениците им покажа како ги црта цвеќињата на мирот и им раскажа за писмото на Мајка Тереза што го добил пред 40 години, од кога ја почнува својата мироцветна мисија и која ја пренесува и на помладните генерации.

Воедно во ателјето во природа во Орешани на пилотот Стево Стефановски направи уметничка интервенција пред јапонскиот јавор, во функција на подготовките за промоција на пригоден објект за одржување мултикултурни настани (поетски- музички и ликовни изложби, дружби)… кои ќе почне наскоро да ги прави во оваа прекрасна природа, како симбол на живописната природа на целата земја.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.