“Денови на филигранство и накит“ во Скопје

140
 Од 4 до 7 мај, во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со Занаетчиска комора Скопје ќе бидат отворени „Денови на филигранство и накит“, четиридневен настан на кој ќе се претстават дури 23 „артизанс“ индивидуалци – уметници.

Филигранот е дел од македонското културно наследство, кое треба да го заштитиме, а уметничките форми накит на овие креативци се спој на традиционалното со модерното.

Идејата е да се оживеат традиционалните културни вредности, преку брендиран филигрански накит, по кој е препознатлива нашата земја. Наедно на настанот ќе има широка лепеза и од современ накит.

Ова е единствена можност на едно место да се видат рачно изработени уметнички форми на накит од сребро, бакар, челик, преку епоксидна смола, чисто сребро 925полимерна глина, до керамика, плексиглас и мурано стакло.

Најголем дел од креативците изработуваат филигран, како најделикатна и елегатна форма на накит, а ќе се претстават и учесници кои создаваат шарени и весели приказни во форма на накит за стилски сонувачи и храбри луѓе.

Во секој детаљ на уникатните парчиња накит е втиснат креативниот, искуствен и авторски труд на овие 23 уметници.

Настанот ќе се случува четири денови на приземјето на Скопје Сити Мол и ќе се претстават следните артизани:

Катарина Дода – KD Jewelry, Светлана Ивановска – „Арт Студио С“, Кристина Мауровска Темкова – „Студио Кристина“Елена Поповска –„Мај Прешс“, Марина и Елена Јакшиќ „Ателје Сиена“Александра Атанасовска – „МОRPHO“Маја Донева, Миранда Дема – Coral JewelryЈулијана Илиевска – Џули ДекупажМарта Пејоска, Лада Шоптрајанова Петровска – „Filigree LARGO, Милица Гавриловска – „Equilibrium.fine.arts“,  Елеонора Дулјанова – Small piece of joyМарија Таировска – Marcy’s handmadeЕмина Амит – Ателје Месечина, Ивана Кондратенко – ARTNOKМилена Станковска – BRUMAТатјана Богоевска и Борче Богоевски – Керакамика, Данче Наумоска – КОППЕР АРТДијана Тодоровски – Добро ми Стои, Катерина Јовановска – Stardust Kejt RakotvorbiБлашка Миева –Freya Fashion Jewellery” и Ибро Ибраим – Филигран Ибро”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.