Детска ликовна работилница во Даут пашин амам

57

По повод Меѓународниот ден на детето, на 1 јуни 2022 г. (среда), Националната галерија ќе организира детска ликовна работилница во објектот Даут пашин амам, во периодот од 18 до 20 часот.
Преку ваквите едукативни програми се исполнуваат целите и мисијата на Националната галерија:
– Функционални (популаризација на ликовното творештво на Р.С. Македонија, доближување на ликовната уметност до најмладата популација, промовирање на културното наследство).
– Општообразовни цели (запознавање на учениците со ликовните уметници, учење на нови техники на сликање, продлабочување на знаењата здобиени во текот на формалното образование)
– Воспитни цели (градење и развивање на свест за уметноста, за уметничките галерии и музеи, за предметот на нивната работа и нивната улога во општеството.)
Помагаме во остварување на правата на децата загарантирани со меѓународни конвенции:
• Рамноправност на човековиот развој
Програмата обезбедува зголемување на коефициент на индесот на човековиот развој (HDI) преку трите основни димензии меѓу кои е знаењето мерено според стапката на писменост.
Рамноправност на половите
Според националната родова структура застапеноста на половите во активностите е позитивен пример на пристап на апсолутна еднаквост.
• Рамноправен пристап кон ресурсите на едукација и креативност, социјална инклузија на ранливи категории и лица со попреченост.
Вклученоста во едукативните програми е независна од возраста, полот, верска припадност, социјална положба, физичка и/или ментална попреченост бидејки образованието има особено влијание врз градење на човековиот интелектуален капитал во борба за намалување на сиромаштијата, зголемување на социјалната кохезија и елиминирање на можност од социјална неправда и дискриминација. Јакнење на човековите капацитети, особено кај децата, за исполнет, продуктивен и достоинствен живот.
Меѓу останатото, овој датум, 1 јуни, Меѓународниот ден на детето, е ден исполнет со бројни активности, ден на кој треба да се каже „не“ на насилството и злоупотребата на децата, а воедно обезбедување на благосостојба и правилен развој. Ден на кој децата низ игра и настани „гласно“ ги промовираат нивните права.
Уметноста е мостот кој ги обединува децата, како на локално така и на глобално ниво, без оглед на меѓусебните културолошки разлики. Таа инспирира создавање на нешто ново, поинаква перспектива на поглед на Светот.
Да се придружиме и помогнеме, насмевките на нашите деца да бидат секојдневие а овој ден да биде значаен датум за одбележување, порачува организаторот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.