Изложба на Цветин со песните кои поетите му ги посветиле на Струшките вечери на поезијата

168
Преку триесеттина цртежи, на кое од едната страна беа нацртани  апликации со цвеќиња, а на другата факсимили со поеми и пораки кои му ги испраќале  поетите кои гостувале на Струшките вечери на поезијата, македонскиот уметник и хуманист Живко А. Поповски Цветин изложи на денешната изложба во Паркот на уметноста во Капиштец.
На неа беа претставени песни од Блаже Конески, Славко Јаневски, Тадеуш Ружевич, Оскар Давичо, Хустон Хорхе Ладрон, Генади Ајги и многу други.
Настанот беше надополнет со поетски изблици, поезија рецитира и читаа повеќе гости, како Ѓорги Ѓоргиевски  Ѓе. Ѓе, Љиљана Атанасова, Мендо Димовски, Горан Анчевски, шаховскиот првак Димитар Илиевски, уметникот Игор Митриќески, потоа деби настап имаше Александра Кардула, а изложбата ја посетија и младиот археолог од Брезово Мартин Елохим и оперската уметница Нарциса Тунтева.
Цветин ги посетуваше Струшките вечери на поезијата од 1985 година се до 2020, каде подари многу цртежи а за возврат доби неколку стотина нему посветени песни.
Изложбата е во чест на актуелната манифестација што деновиве се одвива во Струга, а по повод 26 август, денот на раѓањето на Мајка Тереза, чие писмо што Цветин го добил во осумдесеттите години на минатиот век, всушност го вовлекло во неговата надалеку позната мисија, “Цвеќе на мирот”.
Валентина Ѓоргиевска Парго
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.