Изложба на Марија Чепишева во МКЦ

102
На 28 април 2023 година, во 20 часот, во Галеријата на МКЦ свечено ќе биде отворена изложба на скопјанката Марија Чепишева.
Изложбата е насловена “Три круга за да бидам таму” и на неа ќе изложи свои дела.
ТРИ – КРУГА ЗА ДА БИДАМ ТАМУ
Ова е серија на дигитални графики, работени во еден мултидисциплинарен пристап каде
освен класичен пристап кон графиката, се вметнува и еден посовремен, дигитален пристап. Во делата фотографијата преовладува негде делумно, негде само се откриваат некои делови од истата. Сето ова е дигитално обработено со што на целиот концепт му се дава една сосема нова димензија. Така подготвени дигиталните графики се рачно доработени со што на графичкото дело му се дава еден посвеж и оригинален печат. Графичките дела се богати со колорит со што истите делуваат и како слики. Основен елемент е кругот и тој се јавува
постојано во делата.
Кругот е живот – додека животот пак е инспирација на секој еден автор.
Делата се поставени во Галерија 1 во МКЦ, а изложбата ќе биде отворена во петок на 28.
април со почеток во 20 часот.
БИОГРАФИЈА
Марија Чепишева, родена Лазаревска, е родена на 17.06.1975 година во Скопје.
Завршила средно уметничко во ДСУЛУД Лазар Личеновки, Скопје во 1993
година, на отсекот графика и графички техники, под менторство на професор Ѓорѓи Чулаковски- Џото и професор Илинка Глигорова.
– 1999 година, завршена Ликовна Акдемија во Скопје, во класата на професор Димитар Малиданов (графика) и (графички дизајн) професор Костадин Танчев – Динка.
-март 2022 година Запишани постдилломски студии на Факултет за ликовни уметности – Скопје, под менторство на академик проф д-р Фехим Хусковиќ.
*Член на ДЛУМ од 1999 година
*ДОБИТНИК НА ГОЛЕМА ГРАФИЧКА НАГРАДА НА ДЛУМ ВО 1999 година
*ОТКУПНА НАГРАДА НА БИБЛИОТЕКАТА КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО 1999 година
Учество на голем број изложби во земјата и странство.
Последни учества на изложби:
-2022- III Convocatoria Internacional de Arte Postal -DE CORAZÓN / III International Mail Art Call – FROM THE HEART
-2022- Самостојна изложба на Факултет за ликовни уметности, Скопје
-2023- Поместени граници- организирано од ДЛУМ во Дом на АРМ
-2023- The International Mail Art Call-DEJANDO HUELLA – LEAVING A MARK
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.