КИЦ Битола: Концерт во сеќавање на професорот Пеце Митревски

96
КИЦ Битола продолжува со продуцирање и презентирање на исклучителни културно- образовни настани, и најавуваат:
-Пред нас е богата програмска недела, која започнува вечерва во Свечената сала на Офицерски дом- КИЦ Битола, со почеток во 19.00 часот. ДМУ – Битола со „Свечен концерт во сеќавање на професор Пеце Митревски“, насловен како „Стар, ама на англиски“. Истата вечер со почеток во 19.00 часот во Кристалната сала на Офицерски дом, изложба на дела од учениците од ОУ „Елпида Караманди“ по повод патрониот празник на училиштето.
***
Веќе на 25.04.2023, Отворен  ден на УКЛО со настани на платото на Офицерски дом- КИЦ Битола, како и церемонија на потпишување на меморандум за соработка. Со особено задоволсто ја најавуваме првата официјална соработка со Македонското научно друштво- Битола и КИЦ Битола, трибината посветена на големиот писател „Владимир Костов живот и дело“ на 26.04.23, Свечена сала- Офицерски дом 18.00 ч. Четврток 27.04 е денот на изненадување… Големиот мајстор на гитарата, човекот чии изведби се музичка лектира за генерации, музика која дише со македонски код со солистички концерт во Свечената сала на КИЦ Битола.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.