Изложба на скулптури “Зодијак” на Митко Дамјановски

51

Вечерва, 11.12.2023 година, во ЈУ Младински културен центар се отвора изложбата со скулптури на младиот уметник Митко Дамјановски со наслов “Зодијак”.

Митко Дамјановски, роден во Кавадарци во 1996 година. Завршил во средното Училиште за применета уметност „Лазар Личеноски” во Скопје на отсек вајарство 2014 година и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности смер вајарство 2019 година.

Изложбата Зодијак е прва самостојна изложба на Митко Дамјановски. Таа е резултат на истражување во апстрактно творештво низ комбинации на различни матерјали. Целината од дванаесетте дела кои ги претставуваат хороскопските знаци од зодијакот се претставени во апстрактна форма. Во овој проект се подвлекува паралелата помеѓу секој знак како уникатен спој на особини кои оформуваат еден карактер и асоцијативната моделација која ја овозможиваат избраните ликовни елементи и принципи.
Изложбата ќе биде отворена до 25.12.2023

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.