По дваесет и пет години победничката песна на Макфест 1998 година “Магија”, доби нов модерен поп звук, за која авторите веруваат дека силно ќе допре до публиката и песната ќе продолжи да живее кај младата популација.
По желба на Пајак, Јован по 14 години ќе запее повторно “ќе ми треба магија”, но овој пат пее дека “има дозвола за кола да ја повози девојката”, додека пак Пајак сѐ уште ја нема, се шегуваат.
За песната е направен нов аранжман и целосна продукција од страна на неговиот брат Иван Јованов Ивајо.
Спотот е сниман во Pro Light Studio, во продукција на Урбан Рекордс и добро познатите Гордан Божиновски, Никола Наумовски, а како продуцент на истиот се јавува и самиот Јован.
На почеток видеото започнува со снимка од оригиналниот настап на група “Магија” од Макфест, а се појавува и прекрасната Марјана Станојковска во заедничка кореографија со Јован, Илија Карадакоски и балетското студио Eat The Beat.
Спотот е промовиран на јутуб каналот на Урбан Рекордс, а додека пак телевизиската промоција на спотот ќе биде на 13.12 во среда во магазинот Бекстејџ на Телма ТВ.
Погледнете го спотот за “Магија” во дует со Пајак и Јован, кој за неполни 24 часа високо котира на трендинг листата на јутуб.
Нова “Магија” со Јован и Пајак
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.