Почетна УМЕТНОСТ Изложби Отворена изложбата “Простор и тишина” на м-р Билбилоска

Отворена изложбата “Простор и тишина” на м-р Билбилоска

11

На 2 јули во Галерија: “КО-РА” голем салон беше отворена самостојната изложба на м-р Билјана Билбилоска насловена “Простор и тишина”.Со оваа изложба поддржана од Град Скопје и Ј У Дом на култура “Кочо Рацин”- Скопје м-р Билјана Билбилоска се претставува со најновиот циклус дела по нејзиниот тримесечен престој во Париз во Куќата на уметноста “Le Maras” и нејзиното претставување со самостојната изложба во “Cite International des Arts” која е насловена “Underpainting”, а беше инспирирана од колоратурната структура во делата на големиот маг во уметноста Леонардо да Винчи и неговите дела во еден од најголемите светски музеи на уметноста “Лувр “кој плени милиони посетители и воедно вдахновува и инспирира бројни уметници ширум светот со бројните ремек дела од големите великани на кои оставиле трага во уметноста која таму се осознава преку ремек- дела од различни епохи, ненадминати по својата убавина и ликовен дострел од повеќе различни цивилизации… кои оставиле импресивна трага во историјата на уметноста” истакна Виолета Калиќ, историчар на уметноста, стручен соработник за визуелни уметности,дизајн и архитектура во ЈУ Дом на култура “Кочо Рацин”- Скопје по повод отворањето на оваа самостојна изложба на м-р Билјана Билбилоска” со која се претставува и во контекст на нејзините истражувачки проекти кои се посветени често на истражувања на определени структурални сегменти на формата, бојата,композицијата и нивната релација со просторот, времето, со архетипот кој го одразува едновремено и личното во доживувањето но е поврзница и со универзалното според пораката и значењето”

metropolis-big