Изложбa: „ 100 ГОДИНИ ПОТОА”, скулптури и слики од Златко Бојковски

669

Изложбениот салон – Империјал 1 на  Културно Информативен Центар – Скопје, од среда 3 април ќе биде домаќин на изложбата   „100 ГОДИНИ ПОТОА”, скулптури и слики од ЗЛАТКО БОЈКОВСКИ .

На изложбата ќе бидат изложени 25 скулптури работени во материјал метал, најден на планината Кајмакчалан од Првата Светска војна ( шлемови, бомби, куршуми, пушки и др.), создадени последниве 2 години и 10 слики работени во техника акрилик на платно, создаени, исто така, последниве 2 години.

Убавината, таа по која секој трага, таа која не опкружува или пак убавина
која самите ја создаваме или пак уништуваме е прашање на внатрешно чувство и
перцепција. Смислата за убавината низ години се менувала, па така и критериумот
на она што е убаво, во она време, минатото или пак сега во нашата современост.
Интересот кон новосоздадените фигури и композиции се менува со интересот на  уметникот. Потребата да се оформи фигура во движење, фигура по познати цитирани дела или пак композиција која се расчленува до енформел е всушност и  трагањето на Златко Бојковски по неговиот израз што значи експериментирање,комбинирање на техники кои ја пратат идејата и технички сесолидно изведени иреализирани.

Секоја од скулптурите носат порака која во прв момент точно ве асоцира на она што авторот сака да го пренесе, но со емоции ве води до болка на
доживеаното или до уживање на она што ќе го доживеете во ова негово претставување-вели Дијана Томиќ Радевска во најавата за оваа Изложба

 

Интересот кон новосоздадените фигури и композиции се менува со интересот на
уметникот. Потребата да се оформи фигура во движење, фигура по познати
цитирани дела или пак композиција која се расчленува до енформел е всушност и
трагањето на Златко Бојковски по неговиот израз што значи експериментирање,
комбинирање на техники кои ја пратат идејата и технички се солидно изведени и
реализирани. Секоја од скулптурите носат порака која во прв момент точно ве
асоцира на она што авторот сака да го пренесе, но со емоции ве води до болка на
доживеаното или до уживање на она што ќе го доживеете во ова негово
претставување-дополнува Дијана Томиќ Радевска.

Изложбата може да се види до 16-ти април

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.