Изложба “Али Фети Окјар истомисленик и соработник на Ататурк”

30

Во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп во текот на наредните десет дена, во галеријата Чифте амам, ќе биде поставена изложбата на Али Фети Окјар, истомисленик и соработник на Ќемал Ататурк, која беше отворена на 21 мај 2024 година.

Изложбата “Али Фети Окјар истомисленик и соработник на Ататурк” пропратена со истражување е проект на Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп. Истата, беше во рамките на Програма за остварување на национален интерес во областа на културата за 2023 година финансирана од Министерството за култура, кој беше препознат и како можност за развивање на меѓуинституционалната и меѓунационалната соработката во Република Северна Македонија, но и соработка со Република Турција. Раководител на проектот е Рубинчо Белчески, историчар кустос советник. Изложбата е поставена на 12 алуминиумски банери кои содржат околу 150 фотографии и текст (на македонски и турски јазик) кој се однесува на прилепчанецот Али Фети Окјар, војник, дипломат и политичар кој извршувал високи функции во Османска и Република Турција, пратеник, министер, премиер, претседател на Национално собрание, амбасадор во Бугарија, Франција и Велика Британија, како и за неговата соработка со Мустафа Кемал Ататурк. Едноставно кажано, Али Фети Окјар бил човек со биографија која фасцинира.

За изложбата беше подготвен и каталог со текст на македонски и турски јазик, кој во суштина е презентирана целокупната изложба

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.