Кети Радевска во жири на Меѓународен фестивал за карикатура

63

Битолската ликовна уметница Кети Радевска е член на жири на Интернационален фестивал, пат овојпат во Приштина Косово. Станува збор за Меѓународен фестивал за карикатура.
-Тоа е за мене голема чест се надевам и за мојот град Битола и за мојата држава, која ја претставувам. Ова не е мое прво искуство, за прв пат член во интернационално жири бев на фестивал во Турција, потоа во Индија, па во Косово на друг фестивал и сега повторно во Косово, вели Кети.
Фестивалите се онлајн, секој член на жирито ги добива материјалите и ги жирира, а на 15 март оваа уметница има покана да присуствува на отворањето на изложбата.
-Темата за овогодинешниот конкурс беше Мајка Тереза. Ги селектиравме за награди најдобрите карикатури од сите пристигнати, со бодирање 15 бода за првата, па до 1 бод за специјални награди, додава Радевска.


(плакат од жири комисијата во Турција)

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.