„Лавиринт на уметноста 2“ во Даут пашин амамp

24
Во објектот Даут пашин амам на Националната галерија е во тек второто издание на музејската едукативна работилница „ЛАВИРИНТ НА УМЕТНОСТА 2“. Наменета е за ученици од петтите и шестите одделенија од основните училишта.
Реализацијата на работилницата започна на Први Април 2023. Оваа музејска работилница има едукативен, истражувачки и награден концепт. Пред сите учесници е поставена загатка, а одговорот се крие низ уметничкиот лавиринт на Постојаната поставка на Националната галерија. Учениците, низ обиколка на нашата најзначајна збирка на уметнички дела, бараат одговори на поставените прашања. Целта е да на оригинален и интерактивен начин се запознаат со модерната македонска култура и ликовна уметност.
Учесници во работилницата се ученици од: ООУ „Кирил и Методиј“- Скопје; ООУ „Кирил Пејчиновиќ“-Скопје; ООУ „Гоце Делчев“-Скопје; ООУ „Вера Циривири Трена“-Скопје; ООУ „Коле Неделковски“-Скопје и многу други.
Играта ќе трае до 18 мај 2023 – Светскиот ден на музеите, кога по пат на извлекување ќе им бидат доделени стотина пригодни награди на учесниците кои ја решиле загатката и го пополниле прашалникот. Наградната игра и официјалното извлекување на добитници ќе се случи во Даут пашиниот амам во 12 часот. Повелете во нашиот музеј!, вели едукаторот на проектот, Ацо Таневски.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.