Маестро Миро Масин, се осврна на своите мецени- Филеви

113
Утре, 30 Март 2023 година,  во 19 часот во Кристалната сала на Офицерски дом – КИЦ Битола, во соработка со меѓународната колонија „Де Ниро“ го најавува отворањето на изложба со дела на познатиот македонски сликар Мирослав Масин од приватната колекција на семејството „Филеви“ познати мецени на ликовната уметност .
***
Пред утрешното претставување на уникатниот македонски уметник Миро Масин во Битола, организаторот на изложбата КИЦ Битола нѝ испрати писмо во кое тој ја опишува својата релација со фамилијата “Филеви”.
Поради оригиналност Ви го пренесуваме на дијалект.
***
Во неговите редови е запишано:
-Беше најдобра прилика во градот, бев многу заљубен во него, а тој не. Дури и не ме
поздравуваше на улица, ја вртеше главата како да му должев 20 евра.
Нашата љубов почна 2005 август месец во паркот кај саат кулата, и трае, и трае, и
трае…
Можеби имаше години на кризи, најверојатно не, но… шо е нормално љубовта стално победуваше.
Се сакавме по шанкови, кафани, изложби, приватни журки, патувања разни, со куфери празни… многу виски и кока кола, лепе жене око нашег стола.
Понекогаш беше посесивен, и јас бев!
Понекогаш не ми се јавуваше, и јас не му се јавував!
Понекогаш мрзневме двата на студот во летната на Де Ниро… без никаква
причина!
Понекогаш пиевме по 15 сати, пак без причина!
Си пишевме чудни пораки на телефон, скоро секој ден!
Знаевме еден за друг сѐ, неговите пријатели станаа мои браќа, моите пријатели
негови пријатели, а мојата фамилија стана негова!
Црна Гора нѝ беше како дома, Србија поќе!
Го пробивме Џејмисонот како прва пијачка во Македонија (барем во Скопје, Охрид и Битола.)
Почнав да сакам сѐ што сака тој!
Го победи ракот… и бракот!
Исто како и неговите цртежи така и ние никогаш не излеговме од пештерата, само  сега има процепи каде влегува сонцето и точно на цртежите свети и ги вади сите
бои… ние сме тие бои!
Имавме обични и основни потреби, а бевме толку интересни каде и да одевме
имаше поприлично луѓе стално околу нас… а и уште сме!
Госпожа!!! (така од милост ја вика Силвана) Бери гајле за него да не му студи, а тој
му враќа стално со цвеќе и насмевка.
Марко црта со него најискрено и со голем жар, а Марио нѐ чува сите.
Се осеќаме… многу нѝ помага, а заглавам оп…кај него, и тој одма знае. Знае дека го сакаме, обожаваме.
Знае дека знајме дека е најдобар, знае дека сме стално тука за него.
Го сакаме бе… МНОГУ!
Нашата врска е без врска, и нема љутиш, а толку е чиста и јака.
Ние сме биофилисти, тоа го кажува и нашето презиме Филевски (фили–пријатели). Го сакаме животот, го правиме поубав, имаме љубов за сѐ што расте и се развива, а тој ја има таа психолошка страст, затоа сме заедно.
Заради него ги засакавме мајмуните, па нели се тие луѓето денес.
Птиците, кои се слободата на животот, мирот во нас и насекаде.
Жените, најубавото нешто…Тие го водат светот сепак.
Ме учеше да слушам Штраус рано наутро, а јас го водев на риба.
Ми правеше најубави копани со ориз и охридска пастрмка во фолија, а јас нему сиренце во фурна Де Ниро и тестенини.
Го научив да преувеличува, а тој да ја сакам тишината кога сме заедно… барем до
петтата пијачка.
Го живеевме Фолтин (најдобрите).
Го слушавме Шабан, Ѕвонко, Имамович и Том Вејтс.
Патувавме секаде заедно со малото џипче, илјадници километри, само за да
можиме да пушиме.
И така, место за место, џејмисон за џејмисон, приказна за приказна, цигара за
цигара, слика за слика, опел за опел, куче за куче, станавме браќа по убедување.
Станавме ФАМИЛИЈА!!!
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.