Музика, поезија и ликовна уметност во КИЦ Битола

22
Битола, 29.03.2023

КИЦ Битола продолжува со интезивна културна агенда оваа недела во КИЦ Битола.

Денеска е исклучителен ден за 48 талентирани пијанисти, на возраст од 7 до 18 години. Денеска е Ден на пијаното. Почнувајќи од 10 часот во Свечената сала на Офицерски дом КИЦ Битола, до вечерва завршно во 21 часот ќе излегуваат на сцената и ќе изведуваат низа на класични и современи пијано партитури во чест на Денот на клавирот.

Со овој маратон, градот на клавирите за кој често се зборува низ историските документи за Битола, ќе ја прикаже убавината и елеганцијата на овој инструмент, прикажан во сиот негов сјај, во неодамна реконструираниот Офицерски дом.

На програмата се три големи концерт:

10.00 часот за најмалата публика од градинките

12.00 часот за децата од училиштата

19.00 часот Свечен концерт

Но, освен музика о моќта на пишаниот збор ќе се најде на програмата на КИЦ Битола денеска од 14.00- 15.30 часот во Кино Манаки.

Настанот под наслов  „ПОЕЗИЈАТА НЕ СЕ ТОЛКУВА, ПОЕЗИЈАТА СЕ ЧУВСТВУВА“

Поезија сѐ помалку се чита, така што преку оваа креативна работилница учениците ќе ги обноват своите знаења и вештини од редовната настава по Mакедонски јазик и книжевност како да се негува правилното акцентирање според правилата на македонскиот јазик и изразно читање на поетската творба.

Учениците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ Битола ќе интерпретираат поезија од македонски и странски поети.

Ментор: м-р Даниела Петровска, професор по Mакедонски јазик и книжевност.

Модератор: Биљана Т. Димко, професор по македонски јазик и книжевност.

 

***

 

Веќе за утре 30 Март во 19.00 часот  во Кристалната сала на Офицерски дом – КИЦ Битола, во соработка со меѓународната колонија „Де Ниро“ е најавувено отворањето на изложба со дела на познатиот македонски сликар Мирослав Масин од приватната колекција на семејството „Филеви“ познати мецени на ликовната уметност .

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.