МАКЕДОНСКИОТ СТРИП ЦЕНТАР ОД ВЕЛЕС И УШТЕ НЕКОЛКУ МАКЕДОНСКИ СТРИП УМЕТНИЦИ НАГРАДЕНИ НА МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ВО СРБИЈА

1065

 

Уметничкото здружение „АРТ група АКТ“ од Ваљево, Србија, во 2020 година  распиша меѓународен стрип конкурс. На конкурсот пристигнаа над сто стрипови од Србија и од странство. Уметнички директор на Ваљевскиот стрип фест е Дејан Богоевиќ.

Од пристигнатите стрипови од Србија, Македонија, Црна Гора Босна и Херцеговина, Бугарија,  Уругвај и Канада, жирито во состав Зоран Стефановиќ, управник на Центарот за уметнички стрип, претседател, Дејан Богоевиќ, мултимедијален уметник, член и Ана Новаковиќ, истроричарка на уметноста, член, едногласно одлучија да ги наградат следните автори и стрипови:

“Душан Релиќ-„Aлигаторот Але“ доби Гран при на Четвртиот ваљевски стрип фестивал. Првата награда ја доби  Катерина Николовска Тери и Александар Стефанов – „Приказна за безбојното мече“, втората отиде во рацете на Стефан Круниќ и Вукашин Митровиќ – без наслов а третата кај Марко Стојановиќ и Марко Серафимовиќ – „Кривец“.“-стои во соопштението на жирито/

Жирито додели и други награди .Така наградата за раскажување ја доби Душан Вукојев- „Рунди“, Ѓорѓи Антевски-„Катарза“ ја доби наградата за ликовност,Невена Марковиќ-„Сачовек“ доби награда за цртеж, Миодраг Кулић Мија- „Поп“, награда за сатира а Марица Кицушиќ-„Сhat nolajferi“ ја доби наградата за хумор.

Беа доделени уште некои награди ,а за поттикнување на стришот кај децата награди добија Ева Јовановиќ (5,5 години) и Кала Јовановиќ (7,5 години) -Посебно признание за најмлади учеснички на фестивалот. Стрип центар од Велес Македонија доби Специјална пофалнца за педагозите.

Наградата за најдобар млад автор ја доби ,Ангела Петрушевска- „Прикаѕна за животот и смртта“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.