“Мироносно цвеќе за пријателство” по улица Македонија 

Денес напладне е отворена изложба “Мироносно цвеќе за пријателството” на улица Македонија поради дождот во спомен куќата на Мајка Тереза во организација на Здружението на просветни работници на Град Скопје . Повод светскиот ден на Уноцеф и светскиот ден на планинарите. Пригодно вовед обраќање пред 30 учесници одржа Катерина С. Митковска, претседател на Здружението. На изложбата беа присутни 40 луѓе кои со себе понеле слики што ги добиле на подарок од познатиот сликар и хуманист Цветин во изминатите години, а дел од присутните што досега не се сретнале со Цветин добија по една цветна минијатура, создавана со многу љубов во градот Скопје.
Инаку, изложбата ќе се одвива онлајн до 9 јануари, при што секој кој добил слика на подарок од Цветин може со сликата да се фотографија на улица Македонија, или пак во својот дом и на тој начин  да стане учесник на изложбата на пријателството “Цвеќе на мирот”.
Цветин денес им додели и Цветинова награди за мир на Јелица и Атанас Николовски, универзитетски професори во знак на почит и благодарност меѓу учениците и децата во детските градинки во ширење на порака за мир, соживот, разбирање, толеранција и пријателство. И на Бистрица Миркуловска, писателка и преведувачка која напиша роман “Цвеќе на мирот” и која учествуваше во многу настани поврзани со карванот на “Цвеќето на мирот” низ Основните училишта во Скопје и во Републиката.
Шаховскиот шампион Димитар  Илиевски одигра партија шах со учителката Гордана Угриновска од ООУ “Елпида Караманди” од Битола.
 
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.