Од 2-24. јуни во Изложбениот салон на КИЦ -Изложба на Марија Трпеска

607

Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 2, од 11 – 24 јуни 2020 год. ќе биде отворена изложбата на цртежи насловена СЛОБОДЕН ВЛЕЗ од ликовниот уметник МАРИЈА ТАЛЕСКА..

На изложбата авторот ќе се претстави со 7 цртежи, работени во комбинирана техника ( јаглен на платно со тул ), создадени последнава година и видео проекција.

Марија Трпеска е родена во 1989 год. во Скопје, Република Македонија. Дипломирала 2017 год. на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел ликовна педагогија, насока сликарство. Нејзиниот главен ликовен фокус е сликарството, но истражува и со фотографијата и видео уметноста.

Живее и работи во Скопје.

Самостојни изложби:

2018 – „Слободен влез – Free entry” – Галерија ФЛУ, Скопје

Учество во ликовни проекти:

2017 – Ликовно – истражувачки проект „Темно” предводен од наставниците на катедрата за ликовна педагогија на Факултетот за ликовни уметности – Скопје

2016 – Seminar about a critical overview of the relationship between memory and oblivion in contemporary art Oblivion Strategies” led by Cristiano Berti (visual artist, Torino

2014 – Ликовна работилница „АБС -ова класна борба во високообразовниот уметнички систем“, предводена од уметничката група АБС (Хрватска)

Учествувала на неколку групни излозби во Скопје и Струмица

Награди:

2017 – „Четирите мајстори на модернизмот

Ликовниот Проект „Слободен влез – Free entry“ се однесува на
континуираното присуство на едно лице на културни настани, неговата потреба,
интерес за посетување на ликовни изложби и неговото огромно визуелно искуство.
Истражувајки го присуството на луѓе на ликовни изложби во државните
културни институции, уметничките галерии и музеи забележав дека бројот на
посетители е многу мал и дека нема голем интерес особено од млада публика.
Состојбата на „празни“ галерии ме наведе да забележам дека еден човек е
постојано присутен и им дава важност и смисла на сите ликовни излагања. Одлучив
да му заблагодарам така што го вклучив во мојот проект, насликан како стои пред
вратите на седум галерии и музеи во Скопје.
За целите на проектот неговото мислење и ставови во врска со ликовната
сцена ми беа многу важни за да ми отвори прашања – што би се случувало на
ликовните изложби ако не постои ликовната критика, ако ги нема претставниците
од културните институции, комисиите за култура, советниците за култура?
Која е потребата и интересот на „неуметникот“ да гледа и да се обиде да толкува
уметничко дело?
Со реализација на оваа изложба очекувам дека проектот ќе продолжи
и ќе се развие во насока на нужноста за промена на современите уметнички
практики во Македонија, ќе отвори можност за понатамошни промислувања за
општествените појави низ уметничкото и ќе се обиде да создаде ново гледиште за
релацијата дело – гледач, или автор – критичар.

Марија Трпеска

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.