Од вечерва изложбата „Метаморфоза“ во МКЦ

76
(Изложбата на Бојан Ковски ќе биде поставена во  Галерија 2, од 10 до 20 декември 2021)
„Метаморфоза“ е насловот на новата изложба на Бојан Ковски на која ќе бидат претставени дела со боди-арт пo повод 5 години од почетокот на неговото творештво во оваа гранка од уметноста. Главната порака на оваа изложба е редефинирање на телото и претворање на човекот од својот лик во нешто што наликува на суштество од друга планета со боите што ги носат пеперутките.
Метаморфоза е многу важен процес во психата на секој човек и секоја промена нѐ прави различни од минатото. Што би било доколку секоја наша промена и самата се отсликува на нашето тело? Ова е прашањето што уметникот си го поставува себеси при изработката на делата за оваа изложба.
Целта на изложбата е да ги поттикне посетителите да се замислат и запрашаат како тие самите се менуваат, што ги поттикнува и што би сакале да станат. Воедно, како прва изложба од овој тип во нашата држава, „Метаморфоза“ се труди да го посочи вниманието на нашето општество кон оваа гранка од уметноста.
На изложбата ќе бидат изложени 10 платна со боди-арт и две живи скулптури, насликани модели што ќе бидат поставени во просторот каде што се одржува изложбата.
Бојан Ковски е роден 1993 во Куманово. Завршува средно образование во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, по што заминува на додипломски студии на Факултетот за ликовна уметност при универзитет „св. Кирил и Методиј“ – Скопје, каде што дипломира на Катедрата по сликарство во класа на проф. Антони Мазневски 2015. Оттогаш активно работи на продуцирање дела, масло на платно, “Body Paint”, организирање свои настани и организација на настани во соработка со различни клиенти и компании. Зад себе има неколку самостојни и групни изложби со неговото сликарство исто така и перформанси со “Body-paint” и работа на голем број настани, реклами и видеоспотови со оваа техника.
Поважни изложби:
Младински центар Литија – 2013 Литија, Словенија
ART GALLERY AFK – 2013 Лисабон, Португалија
Arcadia Gallery- SoHo – NY – 2014 Групна изложба, Њујорк, САД
Агенција за млади и спорт- 2015 Прво место за сликање, Скопје, Македонија
Body paint performance KOVSKI – 2016 Скопје, Македонија
Body paint performance KOVSKI for Fashion & Lifestyle Expo – 2017 Скопје, Македонија
Body paint performance KOVSKI for Fashion & Lifestyle Expo – 2019 Скопје, Македонија
Panta Rhei- Галерија Акантус – самостојна изложба – 2019 Скопје, Македонија
Дино Мерлин – МИ – видеоспот 2020, Тиват, Црна Гора
Боди-арт – Крушево, Македонија
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.