„Патот на свилата“ на сплотеноста и културното разбирање

27
Скопје, 17 јуни 2022
Во својот богат творечки опус  Калеши до крајот на животот останува доследен на своите корени. Фокусирајќи се на ликот на обичниот човек, нагласувајќи ја главата, како симбол на човековиот дух. Човек кој го бранеше достоинството на убавината на балканската цивилизација и сите културолошки соединувања, наспроти наметнатите разединувања.
Калеши секогаш беше присутен во Македонија и чувствуваме дека токму овој период треба да биде моментот со кој ќе му оддадеме почит за сето културно наследство кое ни го остави. Имаме среќа вакви личности да бидат дел од нашата земја, чие културно наследство го оставија токму во Македонија, изјави Дита Старова – Ќерими, директорка на НГ, на синоќешниот настан посветен на Омер Калеши.
„Ако не беше Луан Старова, најверојатно немаше да го сретнам и Омер Калеши. На промоцијата на книгата на Старова во МАНУ се запознав со Калеши. Средбата со него прерасна во едно интересно дружење, од хумор до езотерични сфери, за да резултира на крај, јас да напишам книга зе неговото сликарство. Низ своето богато творешто ги обедини трите балкански земји кои се негови татковини, Македонија, Албанија и Турција. Патот на Калеши, од исток кон запад, од Истанбул, Скопје, Париз е „Патот на свилата“ на културите, јазиците, религиите, разбирањето, почитувањето…“, истакна професорот Ферид Мухиќ.
Академик Луан Старова, во еден осврт за творештвото на Калеши, зборува за обидите на голем број уметници во книжевноста, сликарството и музиката да ја осознаат сплотеноста на уметничкото творештво низ петте века од отоманскиот период.
На настанот присуствуваа уметници, професори, културни работници, членови на семејството Калеши, љубители на неговата уметност и медиумски претставници. Национална галерија изрази благодарност кон сите кои оддадоа почит кон ликот и делото на Омер Калеши.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.