„Поврзување низ слоеви и афекти“ на Први Јуни

7

 

Оваа сабота, на 1 јуни, во Музејот на современата уметност ќе се одржи целодневен настан насловен „Поврзување низ слоеви и афекти“ во рамките на дванаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. Целодневната интердисциплинарна програма е бесплатна и е наменета за целата публика!

Програмата вклучува градска пешачка тура „МАПИРАЊЕ НА ЖЕНСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО „НАШИОТ ПАТ” со Ивана Драгшиќ во 13 часот, а во истото време ќе се одржи работилница за деца „ИЗРАЗУВАЊЕ СОЛИДАРНИ МИСЛИ И ЧУВСТВА ПРЕКУ УМЕТНОСТ“ со Доротеј Нешовски. Во 14 часот ќе се одржи Панел дискусија „РАДИКАЛНА СОЛИДАРНОСТ: поврзување низ слоеви и афекти“, на која ќе учествуваат: Јован Близнаковски, Јелена Вишњиќ, Марија Вулетиќ, Матеј Тројачанец, Лилјана Јоноски и Ана Блажева, а ќе биде модерирана од Вики Младенова.

Во 15:30 часот ќе се приреди гозба под наслов „HANJA претставува: банкет во црвено“ со HANJA Delights, а потоа ќе се спроведе акцијата #СподелиАвторка во соработка со организацијата Stella Network. Во текот на дневната програма ќе се забавуваме и со DJ сет на Iris.

Како главен повод за настанот е промоцијата на публикацијата „ГОДИНИ БУДНИ – Рефлексии за првите 10 години на ПРВО ПА ЖЕНСКО – Фестивалот за феминистичка култура и акција“ во 17 часот. Уредничка на публикацијата е Марија Христова, а промоторка на настанот ќе биде Калиа Димитрова.

Во музичкиот дел од програмата, со почеток во 18 часот, ќе имаме прилика да ги чуеме и видиме ХАНА КОРНЕТИ (МК), Дина Јашари Трио (МК) и KOALA VOICE (СЛ). По 22 часот ќе не забавува DJ IMANYAM.

Во текот на целиот ден публиката ќе има можност да донира средства и да размени облека на штандот за собирање на донации погодените од окупацијата на Палестина и геноцидот во Газа.

Програмата е поддржана од Embassy of Sweden in Skopje, The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, Sigrid Rausing Trust и Министерство за култура / Ministriae Kulturës.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.