„Пикасо, можеби јас“,изложба на Филип Фидановски

29

Инаугурација на изложбата на уметникот Филип Фидановски „Пикасо, можеби јас“, поддржана од Амбасадата на Шпанија во Скопјe.

26 октомври 2022 година, во 19 часот.
Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ – Кичево
По повод 140-годишнината од раѓањето на Пабло Пикасо, Амбасадата на Кралството
Шпанија ја поддржува изложбата на македонскиот уметник Филип Фидановски посветена
на големиот шпански уметник Пабло Пикасо, која ќе биде отворена на 26 октомври во Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин “ Кичево. Истата ќе биде отворена
за јавноста до 4 ноември.
По големиот успех во 2016 година на изложбата „Пикасо, можеби јас“ на Филип Фидановски, изложена во Скопје, овојпат кичевчани ќе имаат можност да уживаат во оваа изложба која ги обединува македонскиот талент и шпанската инспирација.
Со оваа изложба му се оддава почит на Пабло Пикасо, кој повеќе пати е опишуван како најдобар и најрепрезентативен уметник на 20 век, од раката на Филип Фидановски, чија
кариера во голема мера е посветена на реинтерпретација на делата на уметникот од Малага, преку различни формати и материјали ги реализира на свој единствен начин.
Неговата кариера, инспирирана од неисцрпното наследство на Пикасо, покренува дијалектика меѓу двајцата уметници, која Фидановски ја решава преку формални одговори во текот на неговата кариера, но секогаш со многу лични и современи резултати,
кои ни овозможуваат да размислуваме за трасираната патека и да уживаме во една крајно модерна и класична естетика, разновидна и уредна.
Амбасадата на Кралството Шпанија, покрај промоцијата на шпанските уметници, ги поддржува и македонските уметници кои дијалогизираат со креациите на Шпанија и ја негуваат културната соработка меѓу двете земји.
На изложбата „Пикасо можеби јас“ ќе бидат прикажани 10 скулптури (портрети) изработени во керамика. Покрај делата на Фидановски, скулптурите во форма на легенди
ќе бидат претставени и репродукции на оригиналните дела на Пикасо, во кои
македонскиот уметник црпи инспирација за секое свое дело. Крајниот резултат е плодна
размена меѓу двајцата уметници, едниот Шпанец, а другиот Македонец, разделени во времето, но обединети низ безвременскиот и меѓународен јазик на создавањето, отворајќи нови патишта и истовремено одговарајќи на старите прашања.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.