“Процут кон женственоста” во Чифте амам од трети до 15 март

17

На самиот почеток од 20 век, интензивните социјалистички движења меѓу останатото ја поддржуваа борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Повеќе од половина век борба за родова еднаквост ја произведе Одлуката на Обединетите нации од 1975 година, 8 март да биде прогласен за Меѓународен ден на жената.
По овој повод Националната галерија веќе петта година по ред организира тематска изложба со посвета на овој ден и воедно, испраќа честитка до сите жени.
604. Прица Златко, Девојка (со бело јаболко), масло на платно, 1957, 100х81_.JPG
Прица Златко, Девојка (со бело јаболко), масло на платно, 1957, 100х81
Изложбата насловена „Процут кон женственоста, од колекцијата на Националната галерија“, ќе биде поставена во просторот на Чифте амам, од 3ти до 15ти март, отворена за јавноста за индивидуална посета, во согласност со протоколите. Изложбата прикажува селектиран избор на македонски и странски автори, кои претежно припаѓаат на првите генерации уметници, а ја обработуваат темата, тесно поврзана со човечкиот животен циклус – односно фазите кои претходат во растењето и оформувањето на една жена се до зенитот на нејзината зрелост.
1930. Личеноски Лазар, Портрет на галичанка со гулаб, околу 1963, мозаик, цементен малтер и камен.JPG
Личеноски Лазар, Портрет на галичанка со гулаб, околу 1963, мозаик, цементен малтер и камен.
Селекцијата опфаќа дела кои се дел од богатата збирка на Националната галерија.
Изложбата брои околу четириесеттина дела – цртежи, графики, слики, скулптури, фотографија, мозаици. Застапени се нашите автори од првите генерации: Димитар Андонов Папрадишки, Ѓорѓи Зографски, Никола Мартиноски, Димче Коцо, Димо Тодоровски, Љубомир Белогаски, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Димитар Кондовски, Ванчо Ѓорѓиев, Борка Аврамова, Катја Ефтимова и автори од Југословенската колекција како: Петар Палавичини, Мирослав Краљевиќ, Златко Прица, Франце Краљ, Ристо Стијовиќ, Златко Латковиќ, Сретен Стојановиќ, Мирко Почуча, Андре Пате.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.