Реставрација на дворот на турскиот амам во Тетово

1172

Стариот амам во Тетово, претставува објект од културното наследство и затоа работите на уредување на дворот според автентичниот изглед на овој објект, изграден во Османлискиот период, е од големо значење во заштита на споменичното и културно наследство.

Амамот кој е изграден околу 15 век, заедно со Шарената Џамија со турбе и чешма, кои се непосредна близина претставува најзачуван облик на наследство од урбанистичкото оформување на градовите во османлискиот период. Го изграадил Мехмед Eлеби, син на Исхак Бег. Со своите архитектонски, типолошки и стилки карактеристики постигнува особена вредност која се манифестира со чиста и јасна просторна организација.

Во просториите на Амамот работи Националната установа „Уметничка галерија Тетово“ и со овој зафат се реставрира дворното место од околу 200 метри квадратни како и пристапните скали. На целиот простор ќе се постави калдрма изработена од камен. Според информациите од одговорните, Конзерваторскиот центар според договорот е задолжен за обнова на дворот според автентичноста на градбите од османлискиот период. Наместо дотраените бетоски плочи се поставува кафеава калдрма изработена од камен. Ова е продолжение на веќе направените зафати за подобрување на условите за работа во смаиот објект, со строго задржување на автентичноста и сега можат да се одржуваат изложби и други културни настани.

 

 

 

Администратор
05/04/2019 17:35
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.