Простор и време за млади уметници во МКЦ- „Сирова култура“

781

Почетокот на новиот проект на Младинскиот културен центар од Скопје, за промоција на млади таленти е закажан за утревечер (сабота) 06. април. Проектот со наслов „Сирова култура“, е со идеја на младите и талентирани уметници да им отстапи простор и време да ги претстават своите дела.

Еднодневни настани од овој проект ќе има неколку пати годишно, со повик за аплицирање и учество на кандидатите што ќе бидат избрани.

Утревечер ќе бидат претставени 20-тина млади уметници кои се избрани од тимот на МКЦ, по пристигнатите 60 апликации за првиот настан.

Настанот ќе почне во 20 часот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.