Самостојна изложба и промоција на книга на Невена Алексовски

6
На 13-ти октомври во 19 во просториите
на PrivatePrint ќе се отвори првата
самостојна изложба на уметницата
Невена Алексовски кај нас, насловена
„Земјата во нашите џебови“. На
изложбата ќе се промовира и  нејзината
нова книга со наслов „Меланхолија на
напуштените краишта“, која ја уреди и
издаде PrivatePrint. Изложбата е во рамките на јубилејното издание на фестивалот за феминистичка култура Прво па женскоорганизиран од Тиииит! Инк.
Невена Алексовски е словенечка
уметница со македонско потекло која е
активна на словенечката независна
уметничка сцена со бројни самостојни и
групни изложби. Со изложбата „Земјата
во нашите џебови“ ги истражува
нејзините семејни корени, потеклото и
припадноста и на односот кон земјата.
Тргнувајќи од сопственото и семејното
искуство на преселба, таа го
претставува сложеното преплетување на историјата, родот и личните географии, дополнето со разновидни
социо-политички пластови. Заедно со
изложбата ќе ја промовира и својата
книга „Меланхолија на напуштените
краишта“, која дополнително ќе
овозможи да ги проследиме патеките и
личната динамика на нејзините претци.
Оваа изложба всушност е проучување на односот со почвата, територијата,
просторот, како и со ограничувањето,
присвојувањето и исклучувањето. Преку уметнички приказ на личното
преселничко искуство, односот со
претците и со семејната историја, таа
се обидува да упати на универзалноста
во овие искуства. Таа внимателно
поставува предмети кои носат познати
приказни и кои се мост помеѓу нејзините и нашите семејни спомени. Овој проект овозможува да биде документиран единствениот пат на раскопување низ минатото кое Невена Алексовски го прави за прв пат. Преку овој процес, движејќи се низ наметнатите граници кои ги создадаваат луѓето, таа отвора
простор за нови спомени, градејќи ги
врз животите што нејзините претци ги
живееле пред неа.
Отворањето на изложбата и промоцијата на книгата ќе се одржат на 13.  октомври, а во 19 часот е предвиден и разговор со авторката. По отворањето, изложбата ќе може да се посети до 12-ти ноември, од среда до сабота, од 12:00 до 18:00
часот. Изложбата е курирана од Јана
Старделова.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.