“Повторно заедно” со Википедија во Охрид

13
Од 14-16 октомври во Охрид  ќе се одржи 11., годишен собир на Википедијанци од Централна и Источна Европа – Wikimedia CEE Meeting 2022, во хотел Метропол.

Главен фокус на Конференцијата се проектите на Викимедија (Википедија и слични проекти) во земјите и заедниците од Централна и Источна Европа а ќе учествуваат над 120 учесници од повеќе земји во деловите на Централна и Источна Европа. Настанот ќе го отвори градоначалникот на Охрид, Г-дин Кирил Пецаков а ќе зборуваат и организаторите од Македонија,  Снежана Штрковска, Кирил Симеоновски и Николче Стојановски.

Собирот се одржува со мотото „Повторно заедно“ , „Bringing back together ” а ќе започне на 13 октомври со т.н. Learning day , каде ќе се дискутира за креативноста, влијанието на можните и присутни конфликти и стратегијата на работа на Википедијанците од Европа.
Трите дена ќе бидат посветени на разните структури во пишувањето на статии, текстови а секако за нас најважниот дел, збогатување на Википедијата на македонски јазик, со што нашиот македонски јазик е присутен насекаде . Вклучувањето на што поголем број креатори на содржини на македонски јазик ќе ја зголеми присутноста во целиот свет.
Гостите ќе имаат и организирана тура низ преубавиот Охрид и посета на сите позначајни македонски паметници од различни времиња.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.