Славица Таневска со изложба во Ко-Ра 

14
 
 21 мај 2024 година,  во 20 часот Галерија КО-РА
 
Во рамки на проектот „Цртај на македонски“ на Министерството за култура м-р Славица Танеска ја организира нејзината деветта самостојна изложба насоловена „МАКЕДОНСКА МИСЛА“.Самиот проект го афирмира  македонскиот јазик и кириличното писмо преку ликовната уметност и дизајнот. Вусшност станува збор за типографски дизајни во кој се вметнуваат и илустрации. Текстовите се македонски народни мудрости кои се аплицирани на парчиња облека, бидејќи како што ја носиме облеката на нас, така ги носиме и традицијата и македонските мисли во нас. Во своите проекти м-р Славица Танеска во  континуитет е посветена на афирмацијата на традицијата, а овој  проект е поразличен во тоа што навлегува во сферата на применетата уметност и дизајнот.
Во  денешното време има многу парчиња на облека со написи на неа, но редок  е случајот тоа да е со кирилично писмо и на македонски јазик. Преку  овие дизајни ќе се добилижи македонскиот јазик до  младите, тинејџерите и сите оние кои ги следат модните трендови, со  тоа што ќе им се понуди нешто уникатно и ново од страна на дизајнот и  презентацијата, а старо и изворно во суштина – народни мудрости. Во поставката на изложбата се вклучуваат и група на студенти од Факултетот за Арт и дизајн при Европскиот универзитет каде што м-р Славица Танеска е асистент по предметите од ликовна уметност и дизајн. На тој начин проектот има и едукативна вредност. 
Целта на проектот е  промоција на македонскиот јазик, актуелизирање на старите македонски  народни мудрости. Исто така преку оваа изложба се  подигнува  и еколошката свест, бидејќи повеќето дизајни се на веќе носена и рециклирана облека, со што облеката добива свежина и нов изглед.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.